Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  17.5.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM на 25.05.2021 година (вторник), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 15.02.2021 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јануари, февруари, март и април 2020 година;

3. Усвојување на Предлог Извештајот за работа на Одделот за граѓански дела за 2020 година;

4. Продолжување со расправа по правното прашање за пасивна легитимација на Општината како основач на Општинско основно училиште, во спор по тужба за надомест на штета поради незаконито разрешување на директор;

5. Расправа по правното прашање произлезено од предметот Рев1.бр.202/19, за застареност на барањето за надомест на штета према правно лице – работодавач сторена со кривично дело од работникот како одговорно лице;

6. Расправа по правното прашање произлезено од предметот Рев3.бр.48/2020, дали на работникот може да му се откаже договорот за вработување затоа што не ги исполнува условите за вршење на работата, степенот на образование барани од страна на работодавачот во објавен јавен оглас за прием на работници, а врз основа на член 19 и член 76 став 1 од Законот за работните односи; и кога работникот не ги исполнувал условите за вршење на работата, степенот на образование предвидени во актот за систематизација при склучување на договорот за вработување, дали објективниот рок на застареност од 6 месеци се смета од денот на склучување на договорот за вработување, или од од денот кога работодавачот сознал преку извршен инспекциски надзор;

        

7. Утврдување текст на правно мислење по однос на правното прашање произлезено од предметот Рев1.бр.156/2018, расправано на седница на Одделот за граѓански дела од 02.12.2019 година и 16.12.2019 година, дали кога со ревизиски навод се наведува дека се изјавува ревизија поради погрешна примена на материјалното право без притоа да се истакне навод и причини кои одредби од материјалното право се погрешено применети се исполнети условите согласно член 377 став 3 од Законот за парничната постапка Врховниот суд на Република Северна Македонија да одлучува во тој дел на одлуката;

8. Расправа по правното прашање произлезено од предметот Рев1.бр.8/2021 година, за вооедначување на судската практика по однос на правното прашање дали доверителот, со запишување на прибелешка на налогот за извршување во имотен лист во Катастарот на недвижнистите врз недвижност на стечајниот должник пред отворање на стечајна постапка, се стекнува со својство на разлачен доверител и со тоа и право на одвоено намирување од таа недвижност;

9. Разгледување на барањето на Апелациониот суд Скопје Су 03-114/21 од 16.03.2021 година, за обезбедување на единствена примена на законот по однос на правното прашање, дали осигурителното друштво врз основа на полиса за задолжително осигурување на патници во јавен превоз е во обврска да плати надоместок за траен инвалидитет и покрај тоа што осигуреникот-сопственикот на автобусот не ја платил дополнителната премија од 100% која треба да ја плати за превоз на патници за патување во странство;

10. Разгледување и усвојување на сентенци по предметите:

                        - Рев1.бр.10/18;

                        - Рев1.бр.154/17;

                        - Рев1.бр.245/17;

11.  Разно;

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_