Соопштение од одржана Седница на судии
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од одржана Седница на судии
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Информација за учество на судии на разни советувања и извршени посети во земјата и странство.
2. Разно.
По одржаната расправа, Седницата на судии:
По првата точка на дневниот ред, разговараше за учеството на судиите на разни советувања и извршени посети во земјата и странство, истакнувајќи го значењето од активното учество на сите судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија на меѓународните и домашните конференции. Преку Седницата на судии или оддели потребно е судиите да бидат запознаени со активностите кои даваат едукативен и стручен придонес во работењето на Врховниот суд на Република Северна Македонија и воедно информациите од таков карактер кои се од интерес за јавноста да бидат објавени на веб страницата на судот.
По втората точка на дневниот ред, се информираше за „Планот и мерките за заштеда на електрична енергија“ на Врховниот суд на РСМ, за Одлуката за измена на Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија и за програмата за посета на судовите, во согласност со Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија.