Ученици во посета на Врховниот суд на РСМ по повод Денот на правосудството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Ученици во посета на Врховниот суд на РСМ по повод Денот на правосудството

Соопштенија за јавност  |  31.3.2022
По повод 31 март, Денот на правосудството, Врховниот суд на Република Северна Македонија го посетија ученици од Основното училиште „Наим Фрашери“ од Куманово.

Во Врховниот суд, учениците се запознаа со работата и со  надлежностите на Врховниот суд како највисок суд во државата, како и со функционирањето на судството како носител на власта која се грижи за обезбедување и за афирмација на правната сигурност на граѓаните.

Пред учениците беше акцентирана важноста на судството и улогата на Врховниот суд во остварувањето на правата и слободите на граѓаните и колку тоа придонесува за градење на општество во кое владее правото и еднаквоста.

Во таа насока беше истакнато дека едукацијата за човековите права уште во основното образование е појдовна точка за создавањето на правната култура како основен општествен сегмент на правната држава.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_