Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Албанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Амбасадорот на Република Албанија

Известувања  |  22.4.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми денес оствари протоколарна средба со Амбасадорот на Република Албанија Н.Е. Фатос Река.

 

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија го запозна Амбасадорот Река со надлежноста и внатрешната организација на Врховниот суд на Република Северна Македонија. Исто така од страна на Претседателот Адеми беа презентирани предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија во остварување на уставните и законските надлежности, како и со заложбите за финансиска и административна самостојност.

Амбасадорот се заблагодари за пријателскиот прием, истакнувајќи го значењето на реализираната посета и можноста да се запознае со работењето на највисокиот суд во Државата.

На крајот на средбата беше искажана заедничка заложба за воспоставување на соработка помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Врховниот Касационен суд на Република Албанија во интерес на продлабочување на пријателските односи на двете држави.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_