Учество на Регионална конференција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Учество на Регионална конференција
Новости
|
28.10.2019
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани и судијата д-р Џемали Саити, на покана на Генералниот Директорат за човекови права и владеење на правото на Совет на Европа, учествуваа во работата на регионалната конференција на тема „Поделба на одговорноста при примената на Европската конвенција за човекови права: надминување на предизвиците преку користење на новите правосудни алатки“. Регионалната конференција се одржа на 24 и 25 октомври 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, а учество земаа претставници на највисоките судови во регионот.