Соопштение за одржување на јавна седница
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на јавна седница
Соопштенија за јавност
|
21.4.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека на 28.04.2021 година во 10,30 часот во салата на V кат ќе се одржи јавна седница по предметот Вкж2.бр.15/21.
Предметот е оформен по повод изјавени жалби против пресудата на Апелационен суд Штип Кж.бр.145/20 од 10.12.2020 година, а во врска со кривично дело по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
За седницата се известени Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и обвинетите кои во рокот предвиден за жалба или одговор на жалба, барале да бидат известени за седницата.