Соопштение од одржана седница на Одделот за казниви дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за казниви дела

Соопштенија за јавност  |  29.4.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на 27.04.2022 година (среда), одржа седница на Одделот за казниви дела, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела, одржана на ден 16.02.2022 година.

2. Расправа по дописот на Судски совет на РСМ бр. 03-20/5 од 23.02.2022 година за невоедначена судска практика во казненаната политика за изречени кривични санкции за кривични дела од областа на сообраќајот по член 300 став 4 вв со член 297 став 3 вв со став 1 од КЗ .

3. Расправа и усвојување на сентенци по предметите: Кзз.бр. 9/2021; Кзз.бр.10/2021; Кр.бр.204/2021; Квп КОК2.бр.21/2021 и Вкж1.бр. 7/2022.

4. Рaзгледување на одлуки од Европскиот суд за човекови права за примена на начелото ne bis in idem.

 

По одржаната расправа:

 

По првата точка од дневниот ред, усвоен е записникот од седница на Одделот за казниви дела, одржана на ден 16.02.2022 година.

По втората точка од дневниот ред, се заклучи да се препрати дописот на Судски совет на РСМ бр. 03-20/5 од 23.02.2022 година, со материјалите на Одделот за судска практика при овој суд на постапување.

По третата точка од дневниот ред, се усвоија сентенци по предметите: Кзз.бр. 9/2021; Кзз.бр.10/2021; Кр.бр.204/2021 и Вкж1.бр. 7/2022, кои дополнително ќе се објават на веб страницата на судот.

По четвртата точка од дневниот ред, се заклучи дека за да се утврди во конкретен предмет дали има начело ne bis in idem, потребно е судот при одлучувањето да ги има во предвид трите елементи по кој се раководи ЕСЧП за утврдување на постоење на овој институт, а како во предметите на Европскиот суд (А и Б против Норвешка [GC], бр. 24130/11 и 29758/11, § 132, 15 ноември 2016 година и Бајчич против Хрватска, бр.67334/13, § 46, 08 октомври 2020 година).

                                                     

                                                                                                                                              Оддел за казниви дела

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_