Соопштение од одржана Седница на судии [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Седница на судии

Новости, Соопштенија за јавност  |  07.9.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 6.9.2023 година одржа Седница на судии на која беа разгледани повеќе прашања од општо значење за работата на Врховниот суд.

    

 

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информираше Седницата на судии за реализираните активности во изминатиот период кои се однесуваат на унапредувањето на функционалните потреби на судот, постапувањето со архивскиот материјал, активностите и проектите во врска со судската практика и остварувањето на целите од планот на Советот за отворено судство.

Во таа насока, Претседателката на Врховниот суд ги запозна судиите со клучните точки во буџетскиот циркулар и активностите за унапредена функционалност, организацијата на просториите во согласност со законските стандарди за архивскиот материјал и во координација со Државниот архив на РСМ, подготовката на збирката на судска практика со поддршка на холандската амбасада и ЦПИА, како и за подготовката на комуникациската стратегија како една од заложбите на Советот за отворено судство.

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, на Седницата на судии истакна дека од големо значење е што се реализираат значајни проекти за работата на судот, но и дека претставува голем мотив фактот што и во последниот скрининг извештај на Европската Комисија, повторно позитивни се оценките за работата на Врховниот суд.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_