Соопштение за јавноста во врска со предметите „27 Април“, „Монструм“ и „Шпион“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавноста во врска со предметите „27 Април“, „Монструм“ и „Шпион“

Соопштенија за јавност  |  12.1.2023
Заради интерес на јавноста и медиумите информираме дека во Врховниот суд на Република Северна Македонија примени се предметите познати во јавноста како „27 Април“, „Монструм“ и „Шпион“.

Во согласност со Законот за кривичната постапка, предметите веднаш по нивниот прием се пратени на мислење во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и сè уште не се вратени во Врховниот суд на Република Северна Македонија за да може Врховниот суд да постапува по истите.

Поконкретно, предметот „27 Април“ е примен на ден 22.09.2022 година, заведен е како КВП.КОК2.КВП.бр.14/2022, пратен е на мислење во ЈО на РСМ на ден 23.09.2022 година и сè уште не е вратен во Врховниот суд на РСМ.

Предметот „Монструм“ е примен на ден 25.11.2022 година заведен е како ВКЖ2.бр.33/2022 и КВП.КОК2.КВП.бр.17/2022, пратен e на мислење во ЈО на РСМ на ден 25.11.2022 година и  сè уште не е вратен во Врховниот суд на РСМ.

Предметот „Шпион“ и примен на ден 23.12.2022 година, заведен е како КВП.КОК2.КВП.бр.18/2022, пратен e на мислење  во ЈО на РСМ на ден 23.12.2022 година и  сè уште не е вратен во Врховниот суд на РСМ.

Врховниот суд на РСМ ги презема сите законски активности предметите експедитивно да се доставуваат од страна на Јавното обвинителство на РСМ во Врховниот суд на РСМ со цел по истите ажурно да се постапува и да се одлучува.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_