Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  28.12.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 21.12.2022 година, одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д
 

1. Расправа по претходно прашање во врска со жалби против решенија донесени од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија (одложена од 16.06.2022, 07.07.2022 и 21.11.2022 година).

2. Мислење за Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2023 година.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Никола Ставрев, адвокат од Скопје.

4. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Никола Ставрев, адвокат од Скопје.

5. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Никола Ставрев, адвокат од Скопје.

6. Давање мислење по барање на претседателот на Основен суд Прилеп за распоредување на судии во друг судски оддел.

7. Расправа и разрешување на прашањето околу објавување на донесени одлуки на веб страниците на судовите, со предлог начелен став.

8. Расправа по решение донесено на Општа седница одржана на ден 7.12.2022 по повод одлучување по приговор на судија на Основен суд Виница изјавен против одлука за измена на Годишниот распоред за работата на Основниот суд Виница за 2022 година.

9. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Кирил Стојановски преку адвокатско друштво Апостолски од Скопје (одложена од 18.04.2022 и 15.06.2022 година).

 

По одржаната расправа, Општата седница:
 

По првата точка на дневниот ред, расправата се одложи.

По втората точка на дневниот ред, прибави мислење за Годишниот распоред за работа на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2023 година.

По третата, четвртата и петтата точка на дневниот ред, донесе Заклучоци со кои Иницијативите за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесени од Никола Ставрев, адвокат од Скопје, не се усвојуваат.

По шестата точка на дневниот ред, даде позитивно мислење по барањето на претседателот на Основен суд Прилеп за распоредување на судии во друг судски оддел.

По седмата точка на дневниот ред, утврди Начелен став и донесе Заклучок за поднесување Иницијатива до Министерството за правда за измени на одредби од Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

По осмата точка на дневниот ред, донесе Решение со кое го одби доставениот приговор.

По деветтата точка на дневниот ред, донесе Заклучок да се одржи проширена Општа седница, со повикување универзитетски професори од правните факултети.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_