Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  05.10.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи Општа седница на ден 12.10.2022 година (среда), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Измена на Одлука за именување членови на Советот за одлучување по жалба изјавена против Решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

2. Давање мислење по Предлог - Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, доставен од Министерство за правда.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење поднесена од Ѓоко Гажоски, адвокат од Скопје.

4. Давање мислење по Извештај за имплементацијата на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по Заклучок на Одделот за судење во разумен рок во врска со изземање на судии во постапка за судење во разумен рок.

6. Расправа по правно прашање:

Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“. (одложена од 16.06.2022 и од 13.09.2022 година).

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_