Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  30.6.2020
Амбасадата на САД во рамките на Договорот за поддршка и помош на судството во Република Северна Македонија, во време на предизвиците со Ковид-19 – пандемијата, на 29.06.2020 година обезбеди донација на средства за дезинфекција за сите судови, јавни обинителства и Управата за извршување на санкции.

Донацијата од страна на Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз ја прими ВД претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија м-р Фаик Арслани во име на Врховниот суд, судовите во Република Северна Македонија, Судскиот совет на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители, со цел заштита на здравјето на вработените и граѓаните.

Оваа донација претставува продлжување на успешната соработка помеѓу Врховниот суд на Република Северна Македонија и Амбасадата на САД, и дел од континуираната поддршка која Соединетите Американски Држави ја даваат на Република Северна Македонија воопшто и во заедничката борба против КОВИД – 19.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_