Средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија

Новости  |  24.1.2020
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 21 јануари 2020 година, оствари средба со амбасадорот на САД во Република Северна Македонија, НЕ Кејт Мари Брнс, која беше придружувана од г-а Дајана Палеквин, политички советник и г-а Кристина Каранакова, политички аналитичар.

На средбата се разговараше за состојбите во судството, напредокот во спроведување на реформите и предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија. ВД Претседателот го потенцираше значењето на поддршката која САД континуирано ја обезбедуваат со цел зајакнување на капацитетите во правосудството.

Соговорниците заклучија дека заедничка цел е независноста, ефикасноста и квалитетот во работата на судството и изразија желба за уште поуспешна партнерска и пријателска соработка во иднина.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_