Учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија на конференција на претседатели на врховни судови и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Учество на Врховниот суд на Република Северна Македонија на конференција на претседатели на врховни судови и јавни обвинители

Новости  |  28.6.2019
Судии на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани и Рахилка Стојковска, на покана на Врховниот суд на Црна Гора, учествуваа во работата на конференцијата на претседателите на врховните судови и јавни обвинители, која се одржа од 24 до 26 јуни 2019 година во Бечиќи, Будва, Црна Гора.

На конференцијата, организирана од Врховниот суд на Црна Гора во соработка со Амбасадата на САД во Подгорица, учествуваа претседатели на судови и судии на највисоките судови, како и претставници од највисоките јавни обвинителства од повеќе држави од Европа, Азија и САД. Основна цел на настанот е зајакнување на соработката помеѓу земјите членки на Европската Унија и поширокиот регион, преку продолжување на дијалогот и размена на искуства и добри практики во спречувањето и сузбивањето на тероризмот и илегалната миграција, како исклучително сложени, транснационални закани.

На оваа конференција се дискутираше и се разменуваа искуства на следните теми:

- кривично-правната заштита и механизмите на борба против тероризмот и илегалната миграција,

- меѓународен тероризам, потребата од соработка заради брз пренос на информации, како предизвик за квалитетна истрага и обезбедување на меѓународна правна помош,

- искуствата на Врховниот суд во Делавер, САД, по однос на правните и етичките прашања поврзани со илегалната миграција и финансирањето на терористичките активности и

- меѓународна соработка, најдобрите практики и искуства.

Со почит,

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_