Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

 |  13.6.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 16.06.2022 година (четврток) со почеток во 13.00 часот, со следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Давање мислење по Предлог Закон за инсолвентност, доставен од Министерство за економија.

2. Расправа по претходно прашање во врска со жалба против Решение донесено од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Драган Тоневски од Скопје.

4. Давање мислење по Предлог за ратификација на Протоколот 16 кон Европската Конвенција за човековите права и слободи, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по правно прашање:

Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“.

6. Разгледување и усвојување на Извештајот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2021 година (предлог). 

7. Одлучување по барање поднесено од судија на Апелациониот суд Скопје.

8. Одлучување по приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

9. Одлучување по приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_