Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  20.5.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 18.05.2023 година, одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

 1. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Олга Ичевска и Вера Стевковска, двете од Скопје.

2. Расправа по иницијатива за утврдување на начелно правно мислење за усогласување односно воедначување на судска практика во рамките на Трговскиот оддел во Апелациониот суд Скопје, поднесена од адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје.

3. Расправа по иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат м-р Александар Новакоски од Скопје.

4. Одлучување по барање за заштита на законитоста поднесено од Саше Митрев од Штип, против пресуда на Управниот суд У-1.бр.141/2022 и пресуда на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.19/23.

5. Избор на член на Комисијата за паричен надоместок за жртви од кривични дела со насилство, по барање доставено од Министерство за правда - Сектор правосудство.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

По првата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Олга Ичевска и Вера Стевковска, двете од Скопје, не се усвојува.

По втората точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелно правно мислење за усогласување односно воедначување на судска практика во рамките на Трговскиот оддел во Апелациониот суд Скопје, поднесена од адвокатско друштво БОНА ФИДЕ од Скопје, не се усвојува.

По третата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој се констатира дека Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од м-р Александар Новакоски, адвокат од Скопје, е повлечена од подносителот и Иницијативата се смета за повлечена.

По четвртата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој барањето за заштита на законитоста поднесено од Саше Митрев од Штип, против пресуда на Управниот суд У-1.бр.141/2022 и пресуда на Вишиот управен суд УЖ-2.бр.19/23, се отфрла како недозволено бидејќи е поднесено од неовластен субјект.

По петата точка од дневниот ред, изврши избор на член на Комисијата за паричен надоместок за жртви од кривични дела со насилство, по барање доставено од Министерство за правда - Сектор правосудство.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_