Средба на Претседателот на Врховниот суд и Министерот за правда [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на Врховниот суд и Министерот за правда

Новости, Соопштенија за јавност  |  05.5.2023
Денеска во Врховниот суд на Република Северна Македонија, Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, одржа работна средба со Министерот за правда, Кренар Лога, како и со претседателот на Работната група за подготовка на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, академик Владо Камбовски.

 

Тема на средбата беа случувањата во Судскиот совет на Република Северна Македонија, особено од аспект на примената на Законот за Судскиот совет и донесувањето на потребните законски измени.

На денешната средба беше истакнато дека случувањата во Судскиот совет се во спротивност со заложбите за независноста и угледот на судството, градењето на јавната доверба и со препораките во Извештаите на Европската Унија и Стејт департментот.

Едно од решенијата за подобрување на состојбите во Судскиот совет е итно донесување на измени на Законот за Судскиот совет во согласност со Стратегијата за реформи на правосудниот сектор. Законските измени треба да се во насока на унапредување на независноста, стручноста и функционалноста на Судскиот совет како орган за судството кој треба ја обезбеди и гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Со измените треба да се надминат сите слабости на постоечкото законско решение кои создадоа проблеми во практичната примена и оставија простор за различни интерпретации. Во рамките на работната група за подготовка на новата Стратегија и претходно беше нагласена потребата од итни законски измени и воедно беше укажано на проблемите кои се генерираат во применувањето на законот“, беше заклучено на средбата.

 

 

Врховниот суд на Република Северна Македонија преку Седницата на судии и Општата седница до Работната група за новата Стратегија веќе има доставено предлози за итни законски измени, но има поднесено и Иницијатива до Уставниот суд со кои ја оспорува уставноста на одредби од Законот за Судскиот совет.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_