Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

 |  14.9.2022
Врховниот суд на Република Северна Mакедонија на ден 13.09.2022 година (вторник), одржа Општа седница на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д


 

1. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од Снежана Станковиќ, адвокат од Скопје.

2. Расправа по правното прашање: „Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“.


По одржаната расправа, Општата седница:


По првата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата поднесена од Снежана Станковиќ, адвокат од Скопје, за утврдување начелно правно мислење, не се усвојува.


По втората точка од дневниот ред, расправата за правното прашање ќе продолжи на следна Општа седница.

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_