Средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  20.12.2019
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 18 декември 2019 година, оствари средба со Н.Е. г-а Рејчел Галовеј, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за одличната соработка со Британската Амбасадa и можностите за унапредување на истата и во иднина, при што вд претседателот м-р Фаик Арслани изрази благодарност за досегашната поддршка. Соговорниците разменија мислења за улогата на Врховниот суд на Република Северна Македонија во реформскиот процес во делот за правосудството, но и потребата од подобрување на капацитетите на Судот со судиски и стручно-административен кадар, за да се обезбедат услови за непречено и навремено извршување на задачите од надлежност на Судот.

Средбата заврши со заемно искажана благодарност.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_