Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржување на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  06.7.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија ќе одржи електронска Општа седница преку платформата ZOOM на 13.07.2021 година (вторник), со почеток во 13,00 часот, со следниот предлог на:

                                                          ДНЕВЕН РЕД

1. Расправа по рефератот по повод иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење од адвокат Јане Јаковоски од Прилеп, а по донесен заклучок од Одделот за судска практика.

2. Расправа по известување по повод иницијативата за обезбедување на единство во примена на законите од адвокат Марија Стефаноска од Скопје.

3. Расправа по известување по повод иницијативата за обезбедување на единство во примена на законите од адвокат Андријана Дамјановска од Кичево.

4. Расправа по рефератот по повод барањето за воедначување на судска практика од Валентина Милошевска од село Старо Село, Општина Јегуновце – Тетово.

5. Расправа по рефератот по повод иницијативата за воедначување на судска практика од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје.

6. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од Седница на судии на Основен суд Велес.

7. Расправа по рефератот по повод иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје.

8. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од адвокат Марика Димитровска од Скопје.

9. Расправа по известување по повод иницијативата за утврдување на начелен став од адвокат Петар Прчевски од Битола.

10. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Кичево.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_