Врховниот суд одржа седница на судии и заедничка седница на одделите
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Врховниот суд одржа седница на судии и заедничка седница на одделите
На Седницата на судии и заедничката седница на одделите се разгледаа внатрешните процедури за работата на Одделите при Врховниот суд на Република Северна Македонија како прашање од значење за функционирањето на Судот и прашање кое е од посебен интерес за работата на сите совети.
Со внатрешните процедури за работата на Одделите подготвени од Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија се уредува организирањето на работењето на Судските оддели и советите на одделите во Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Внатрешните процедури за работата на Одделите при Врховниот суд на Република Северна Македонија се составен дел од внатрешните процедури на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Целта на внатрешните процедури за работата на Одделите е да се унапреди во методот и унифицираноста на работата на одделите, а во насока на заложбите за ефикасно и ажурно постапување и одлучување.
Судските оддели во Врховниот суд на Република Северна Македонија, своите надлежности ги остваруваат врз основа на Законот за судовите, Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Судскиот деловник и процесните закони и внатрешните процедури за работата на одделите.