Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  09.7.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 09.07.2021 година (петок) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од Адвокатско друштво „Трпеновски“ од Скопје, а по донесен заклучок од Одделот за судска практика (одложена од 17.05.2021 и 05.07.2021 година).

2. Одлучување по барање за изземање на член на Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија, а во врска со барање за повторување на постапка.

3. Давање мислење по барање на Претседателот на Основен граѓански суд Скопје, за распоредување на судии од еден во друг оддел.

4. Одлучување по барање за изземање на член на Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија.

5. Разгледување и усвојување на Извештајот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2020 година (предлог).

По одржаната расправа, Општата седница :

 

  • По првата точка од дневниот ред утврди начелно правно мислење кое ќе биде објавено на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По втората точка од дневниот ред донесе одлука по барањето за изземање на член на Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По третата точка од дневниот ред даде мислење по барањето на Претседателот на Основен граѓански суд Скопје за распоредување на судии од еден во друг оддел;
  • По четвртата точка од дневниот ред донесе одлука по барањето за изземање на член на Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По петтата точка од дневниот ред го усвои Извештајот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2020 година, кој ќе биде објавен на веб страната на судот.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_