Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за судење во разумен рок

Соопштенија за јавност  |  14.12.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 13.12.2021 година (понеделник) одржа електронска седница на Одделот за судење во разумен рок преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Усвојување на Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 25.10.2021 година.

         2. Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците септември и октомври 2021 година.

3. Усогласување на постапувањето на советите во Одделот по однос на прашањето за трошоците кои се досудуваат во постапката за заштита на правото на судење во разумен рок.

4. Почеток на правно релевантен период во кривичните предмети сo осврт на заклучоците од 09.03.2015 година и 23.12.2016 година.

            5. Спојување на предмети  со поголем број на подносители

            -   иницирање на барањето за спојување,

         -  дали со писмо да се бара спојување на предмет и со писмо да се врати предметот доколку не се исполнети условите за спојување

6. Расправа по прашањето за висината на паричните надоместоци кои се досудуваат во Одделот за судење во разумен рок.

7. Дали да продолжи праксата, во одлуките на Врховниот суд на Република Северна Македонија по однос на управните предмети да се врши разграничување на времетраењето на постапката пред судовите и времетраењето на постапката пред управните органи.  

 

            По одржана расправа:

По првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок од  25.10.2021 година.

По втората точка на дневниот ред, усвоeни се Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците септември и октомври 2021 година.

По третата точка на дневниот ред, беше расправано по правното прашање и се констатираше да се изготви предлог заклучок.        

По четвртата точка на дневниот ред, беше расправано по правното прашање и се констатираше да се изготви предлог заклучок.

По петтата точка на дневниот ред, беше расправано по правното прашање и се констатираше да се изготви предлог заклучок.

По шестата точка на дневниот ред, беше расправано по правното прашање и се констатираше да се изготви предлог заклучок.

По седмата точка на дневниот ред, завземен е став да продолжи досегашната пракса, во одлуките на Врховниот суд на Република Северна Македонија по однос на управните предмети, да се врши разграничување на времетраењето на постапката пред судовите и времетраењето на постапката пред управните органи.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_