Средба со претставник на Светска банка [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со претставник на Светска банка

News  |  Jun 9, 2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 06 јуни 2019 година, оствари средба со претставник на Светска банка, г-дин Срѓан Свирцев, виш специјалист за јавен сектор. На средбата присуствуваа и м-р Фаик Арслани, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и членови на кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше за постапката за спроведување на Регионална анкета за правосудството, која тимот на Светска банка ја спроведува во соработка со Европската кoмисија, вклучително временската рамка за спроведување и спецификите на земјата што треба да се земат предвид при спроведувањето на анкетата во Северна Македонија. Целта на анкетата е да помогне во изготвување на следните чекори во реформите на правосудството во контекст на процесот за евроинтеграција на земјата.

 

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_