Средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија

Новости  |  15.3.2019
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 14 март 2019 година, оствари средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и м-р Фаик Арслани, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, членови на Кабинетот на претседателот и претставник од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за тековните реформи во правосудниот сектор и улогата и придонесот на Врховниот суд на Република Северна Македонија во тој процес.

Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Јово Вангеловски, го информираше гостинот и за успешната соработка со г-дин Ѓуро Сесса, меѓународен експерт и консултант за Врховниот суд на Република Северна Македонија, избран преку механизмот на експертска координација, кој се спроведува во рамките на проектот на Европската Унија во соработка со Совет на Европа, за хоризонтална поддршка на земјите од Западен Балкан и Турција.

Соговорниците изразија благодарност за одржаната средба и желба за успешна соработка и во иднина.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_