Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за одржување на седница на Одделот за казниви дела
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записникот од седница на Одделот за казниви дела одржана на ден 08.11.2021 година.
2. Расправа по Препораките на Бирото за застапување на РСМ пред ЕСЧП и усвојување на начелен став во предметот Бајиќ против РСМ, А.бр.2833/13 од 10 јуни 2021 година, за доследна примена на начелото на еднаквост на оружјата и контрадикторност на кривичната постапка.
3. Усвојување на Правното мислење донесено на седницата на Одделот за казниви дела од 20.05.2021 година – одложена од 08.11.2021 година.
4. Донесување и усвојување заклучок преку Одделот за судска пракса по правно прашање на Апелациониот суд Скопје, за одлучување по имотно-правното побарување на оштетен согласно член 114 од ЗКП (одложено од 20.05.2021 година и 08.11.2021 година.).
5. Разгледување на допис на Судски совет на РСМ бр.02-1408/1 од 14.09.2020 година за казнената политика за кривични дела од областа на сообраќајот, доставен преку Одделот за судска практика СПР.бр.24/21.
6. Расправа по усвоени заклучоци на Одделот за казниви дела во 2019 година, 2020 година и 2021 година, за објавување на WEB страната на овој суд – одложена од 08.11.2021 година.
7. Расправа и усвојување на сентенци по предметите во овој суд: Квп2.бр.7/20, Квп2.бр.18/21, Вкж1.бр.9/21, Квп2.бр.5/21, Вкж2.бр.14/21 и Кзз.бр.1/21– одложена од 08.11.2021 година.
8. Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Скопје: Дали е казнив обидот на кривичното дело - „Тешка кражба“ од член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од КЗ - одложена од 08.11.2021 година.
9. Расправа по правнo прашањe на Апелационен суд Штип: Каков вид на постапка да се спроведе при решавањето на прекршочен предмет кој веќе еднаш е укинат, а потребно е да се преиначи првостепената пресуда од ослободителна во осудителна, при што потребно е да се утврди поинаква фактичка состојба од онаа која ја утврдил првостепениот суд – одложена од 08.11.2021 година.