Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Соопштенија за јавност  |  22.10.2020
Шефот на Делегација на Европската Унија, Амбасадорот Давид Гир на ден 21.10.2020 година оствари прва протоколарна посета на Врховниот суд на Република Северна Македонија.
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија м-р Фаик Арслани, го запозна Амбасадорот Гир со уставната поставеност, надлежноста и организацијата во Врховниот суд на Република Северна Македонија.
Во фокусот на средбата се разговараше за улогата на судството и Врховниот суд како клучен фактор во претпристапните преговори за влез на земјата во Европската Унија, за постигнатиот напредок во спроведувањето на потребните реформи во судството, нотирано во неодамнешниот извештај на Европската Комисија.
Посебен акцент беше ставен за независноста на судската власт, посебно финансиската независност, за унапредување на ефикасноста како и за потребата од јакнење на административните капацитети и унапредување на судската служба. 
Се отвори и прашањето за постоечките механизми кои се на располагање на надлежните институции кои треба да ја гарантираат и обезбедат независноста и непристрасноста на судството.
Во рамките на средбата беа истакнати взаемни заложби за блиска идна соработка во исполнување на препораките од извештајот на Европската Комисија за унапредување на судството во процесот на европската интеграција. 
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_