Адеми: Ги приближуваме стандардите кон Европскиот суд за човековите права и напорно работиме за враќање на довербата во судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Адеми: Ги приближуваме стандардите кон Европскиот суд за човековите права и напорно работиме за враќање на довербата во судството

Новости  |  25.3.2022
Претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, во интервјуто за „Утрински брифинг“ истакна дека Врховниот суд на Република Северна Македонија напорно работи да го доближи домашното судство кон стандардите на Европскиот суд за човековите права и кон европското законодавство. Голем е акцентот на транспарентноста и воедначувањето на судската практика што е и уставна надлежност на судот. Врховниот суд, исто така, ја применува и праксата на Стразбур во своите правни мислења, заклучоци и одлуки.

„Напорно работиме да ја смениме перцепцијата за судството. Ние сме свесни како судии за таквата состојба, но за нас тоа претставува голем предизвик. Ова е еден исклучително сложен процес за кој треба сериозен пристап и токму затоа акцентот  го ставаме на транспарентноста и на воедначувањето на судската практика. Нас нѐ охрабрува ставот на претседателот Роберто Спано од Европскиот суд за човековите права, кој беше во посета на Врховниот суд и кој нагласи дека судските реформи и Врховниот суд се движат во вистински правец“, истакна Адеми.

Во врска со транспарентноста, Адеми нагласи дека во следниот период од особено значење ќе биде формирањето на Советот за отворено судство што подразбира поинаков пристап кон јавноста како важен дел за враќањето на довербата во судтвото.

Целосното интервју може да го погледнете на следниот линк 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_