Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Press realeses  |  Sep 14, 2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 14.09.2021 година (вторник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Одлучување по приговор, изјавен против Годишен распоред – за изменување на годишниот распоред за работа на Основниот граѓански суд Скопје за 2021 година.

2. Расправа по рефератот по повод барањето за воедначување на судска практика од Валентина Милошевска од село Старо Село, Општина Јегуновце – Тетово (одложена од 13.07.2021 година).

3.  Расправа по известување по повод иницијативата за утврдување на начелни ставови и мислења по прашања од значење за обезбедување единство во примената на законите од адвокат Гоце Герасимовски од Скопје.

4. Расправа по известување по повод барање за утврдување начелно правно мислење од Претседателот на Основен суд Неготино.

5. Расправа по известување по повод барање за усогласување на судска пракса од Министерството за одбрана на РСМ – Скопје.

По одржаната расправа, Општата седница:

  • По првата точка од дневниот ред донесе одлука со која го отфрли доставениот приговор како недозволен;
  • По втората и петтата точка од девниот ред донесе заклучок со кој иницијативата се отфрла бидејќи не е поднесена од овластен субјект;
  • По третата точка од дневниот ред донесе заклучок Одделот за граѓански дела да го утврди конечниот текст на усвоеното правно мислење;
  • По четвртата точка од дневниот ред донесе заклучок дека не се исполнети законските услови за утврдување на начелно правно мислење.
   


Decision search

Court
Case number
Date
_