Делегација на Врховниот суд учествуваше на Регионална конференција за примената на Европската конвенција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Делегација на Врховниот суд учествуваше на Регионална конференција за примената на Европската конвенција
На Конференцијата организирана од Врховниот Касационен суд на Србија со поддршка на проектот од Европската Унија и Советот на Европа, учествуваа судии од Европскиот суд за човековите права и судии од уставните и од врховните судови на Република Хрватска, Република Словенија, Република Србија, Република Северна Македонија, Република Црна Гора, Федерацијата Босна и Херцеговина и Република Српска.
Во текот на Конференцијата, претставниците од највисоките судски инстанции на Централна и Југоисточна Европа дискутираа на пет тематски панели посветени на слободата на изразување и судовите, борбата против организираниот криминал во практиката на Европскиот суд за човековите права и домашните судови, стекнувањето и губењето на имотните права и правото на пристап до судот во граѓанските прашања.
Цел на настанот беше да се потенцира улогата на националните судови и на судиите во постапките и овозможувањето на ефективна заштита на правата од Конвенцијата.