СООПШТЕНИЕ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ

Известувања  |  29.3.2019
Поради зголемениот интерес на медиумите во врска со предметот познат под името „Империја“, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на Република Северна Македонија на 27 март 2019 година, донесе решение по предметот заведен под ВКЖ1.бр.19/2019, со кое ја уважи жалбата на бранителот на обвинетиот С.М., адвокат Љупчо Шврговски од Скопје и решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор и го пушти обвинетиот да се брани од слобода веднаш по приемот на решението.

 Решението е донесено согласно начелното правно мислење утврдено на Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 30.01.2019 година, а бидејќи мерката куќен притвор спрема обвинетиот С.М. е определена по барање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

 Делот од решението со кое се наредува обвинетиот С.М. веднаш да се пушти да се брани од слобода се однесува на извршувањето на решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ.бр.116/19 од 28.02.2019 година.

   Решението по предметот ВКЖ1.бр.19/2019 од 27.03.2019 година, можете да го најдете тука

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_