Необезбедувањето на законски утврдените средства за судството е спротивно на неговата уставна и законска независност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Необезбедувањето на законски утврдените средства за судството е спротивно на неговата уставна и законска независност

Новости, Соопштенија за јавност  |  26.7.2023
Објавените податоци на Државниот завод за ревизија потврдуваат дека буџетските средства наменети за судството постојано се намалуваат и не се доделуваат во согласност со Законот за судскиот буџет.

       

 

Според ревизорскиот извештај, средствата кои се издвојуваат за финансирање на Судската власт за 2022 година се дури за 63% помали од законски утврдениот лимит, односно наместо законски утврдените 0,8% од БДП, за судството се наменети само 0,3%.

Законот за Судскиот буџет пропишува дека со судскиот буџет се обезбедува стабилно, долгорочно, рамномерно и соодветно финансирање на судската власт, а со цел да се обезбеди нејзината уставна и законска независност и самостојност.

Врховниот суд на Република Северна Македонија напоменува дека до денес не е исполнета законската обврска да се обезбеди 0,8 отсто од БДП за судството и во таа насока укажува на должноста и потребата од доследно почитување на Законот за судскиот буџет.

Обезбедувањето на законски утврдените средства за работата на судството претставува еден од клучните фактори за независноста на судската власт која е една од трите власти во државата. Креирањето и извршувањето на судскиот буџет мора да е во согласност со уставното начело на поделба на власта и во согласност со прописите кои ја гарантираат законската, функционалната и финансиската независност на судството“, истакнува претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.

 

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_