Во Врховниот суд се одржа средба со претставници од Советот на Европа во врска со системот за бесплатна правна помош [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Во Врховниот суд се одржа средба со претставници од Советот на Европа во врска со системот за бесплатна правна помош

Настани, Новости  |  18.10.2022
Во Врховниот суд на Република Северна Македонија се одржа средба со претставници од Совет на Европа во рамките на проектот „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.

 

На средбата присуствуваа судиите Џемали Саити и Владимир Стојановски од Врховниот суд, судијата во Обединетото Кралство Џон Имс, интернационалниот консултант на Совет на Европа Виктор Захариа и локалниот консултант на Советот на Европа Гоце Коцевски.

Тема на средбата беше прашањето за менаџирањето на системот за бесплатна правна помош во Република Северна Македонија, вклучувајќи ги кривичната, граѓанската и управната област, како и идеите кои се разгледуваат во рамките на проектот за обезбедување поквалитетни услуги преку воспоставување на обединет систем на бесплатна правна помош.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_