Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  31.5.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија, на 30.05.2022 година (понеделник), одржа електронска седница на Одделот за граѓански дела преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 04.04.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец април 2022 година;

3. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, Националното биро за осигурување или осигурителната компанија која ја надоместила штетата;

4. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 06.10.2021 година, за донесување на правно мислење за прашањето дали на работник вработен на одредено работно место со утврден коефициент на плата му следува разлика на плата во случај кога со писмено задолжение се упатува, покрај работите и работните задачи предвидени со договорот за вработување, времено да извршува и да се обучува за работни задачи на друго работно место со утврден повисок коефициент на плата од оној предвиден за работното место според договорот за вработување, и тоа до онаа плата предвидена за работното место на кое постојано работи и ги извршува работните задачи кои произлегуваат од тоа работно место;

5. Разгледување на барањето на Ана Петровски адвокат од Скопје, за донесување на правно мислење во врска со примената на одредбите од член 5, член 8 и член 10 од Законот за финасиска дисциплина, односно дали надоместокот кој произлегува од Законот за финансиска дисциплина се плаќа за секое задоцнето плаќање на обврска во последните три години или се плаќа само за доспеани и неплатени обврски;

6. Разгледување на барање за донесување на правно мислење во врска со правното прашање дали во случај кога ќе настапи смрт на странката, постапката треба да се прекине согласно Законот за парничната постапка или таа треба да продолжи;

7. Запознавање на Одделот за граѓански дела со поднесокот на стечаен управник, насловен како укажување за неправилно досудени трошоци;

8. Разно;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 04.04.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец април 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека барањето за донесување правно мислење не се усвојува;

По петтата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека барањето за донесување правно мислење не се усвојува;

По шестата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека барањето за донесување правно мислење не се усвојува;

По седмата точка од дневниот ред, донесе заклучок дека нема основ за постапување по укажувањето за погрешно досудени трошоци;

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

                                                                  Оддел за граѓански дела

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_