Интервју на претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, за неделникот „Фокус“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Интервју на претседателот на Врховниот суд, Беса Адеми, за неделникот „Фокус“

Statements, News  |  Jan 24, 2023
Позитивната оценка за Врховниот суд на Република Северна Македонија од страна на Европската Унија е големо охрабрување за нас. Тоа ни дава дополнителен мотив да продолжиме со истиот ентузијазам, вели во интервјуто за неделникот „Фокус“, претседателот на Врховниот суд на РСМ, Беса Адеми.

 

Како претседател на Врховниот суд изминативе две години вложив многу енергија за ефикасното работење на судот. Започнувајќи од подготовката и расправата за новиот Деловник за работата на Врховниот суд, кој се донесе после 23 години, па се до новиот модалитет за функционирање на судот. Денес Врховниот суд работи според современ модел за работа инкорпoриран во Деловникот и според новиот пристап кон јавноста со примена на начелата на отвореното судство.

Би сакала да нагласам дека постојат промени и во поглед на Општите седници преку еден сеопфатен пристап во подготовката на рефератите како и во поглед на отвореноста на Општата седница за стручната и експертската јавност.

На овој начин за првпат во делувањето на Врховниот суд расправите на седниците се простор за размена на теоретски и практични аргументации и согледувања.

Сите овие заложби на судот се нотирани во Извештајот на Европската комисија, како во поглед на утврдувањето на начелните ставови, правни мислења и заклучоци, така и во поглед на функционирањето на Советот за отворено судство. Сметам дека со тоа што Европската Комисија во Извештајот истакна дека Врховниот суд треба да продолжи со унапредувањето и конзистентноста на судската практика, преставува јасен показател дека довербата кон судот се враќа.

 

   


Decision search

Court
Case number
Date
_