Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Министерот за правда на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со Министерот за правда на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  23.4.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија Беса Адеми денес во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија оствари протоколарна средба со Министерот за правда Бојан Маричиќ.

 

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и прашања поврзани со остварувањето на уставните и законските надлежности на Врховниот суд, како и за заложбите за финансиска и административна независност. Претседателот Адеми и Министерот Маричиќ дискутираа и за состојбата со Ковид-19 во судовите и справувањето со последиците од пандемијата.

Двете институции ќе бидат вклучени во исполнувањето на критериумите и обврските кои произлегуваат од идното отворање на Поглавјата 23 и 24, односно на фундаментални човекови права и слободи, како и борбата против корупцијата.

На средбата беше констатирана потребата и во иднина да има средби од ваков формат со цел унапредување на владеењето на правото и поддршка за независноста на судовите во Република Северна Македонија.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_