Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  13.7.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 13.07.2021 година (вторник) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

 

ДНЕВЕН РЕД

 

1. Расправа по рефератот по повод иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење од адвокат Јане Јаковоски од Прилеп, а по донесен заклучок од Одделот за судска практика.

2. Расправа по известување по повод иницијативата за обезбедување на единство во примена на законите од адвокат Марија Стефаноска од Скопје.

3. Расправа по известување по повод иницијативата за обезбедување на единство во примена на законите од адвокат Андријана Дамјановска од Кичево.

4. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ Кичево.

5. Расправа по рефератот по повод иницијативата за воедначување на судска практика од Адвокатско друштво ЛАЗОВ БАДЕВА АДВОКАТИ Скопје.

6. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од Седница на судии на Основен суд Велес.

7. Расправа по рефератот по повод иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје.

8. Расправа по рефератот по повод иницијативата за донесување начелно правно мислење од адвокат Марика Димитровска од Скопје.

9. Расправа по известување по повод иницијативата за утврдување на начелен став од адвокат Петар Прчевски од Битола.

10. Расправа по правни прашања „Дали на работникот може да му се откаже договорот за вработување, затоа што не ги исполнува условите за вршење на работата, степенот на образование, барани од страна на работодавачот во објавен јавен оглас за прием на работници, а врз основа на член 19 и член 76 став 1 од Законот за работни односи“ како и дали „Кога работникот не ги исполнувал условите за вршење на работата, степенот на образование, предвидени во актот за систематизација, при склучување на договорот за вработување, дали објективниот рок на застареност од шест месеци се смета од денот на склучување на договорот за вработување или од денот кога работодавачот сознал преку извршен инспекциски надзор“.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

  • По првата, втората, третата, петтата, осмата и деветтата  точка од дневниот ред донесе заклучок дека не се прифаќа иницијативата и не произлегува потреба од донесување на начелно правно мислење;
  • По четвртата точка од дневниот ред донесе заклучок со кој иницијативата се отфрла;
  • По шестата и десеттата точка од дневниот ред утврди начелни правни мислења кои ќе бидат објавени на веб страната на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
  • По седмата точка од дневниот ред донесе заклучок да се доуреди иницијативата.
   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_