Состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството

Новости  |  02.3.2020
Делегација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, составена од вд претседателот м-р Фаик Арслани, судијата Беса Адеми и генералниот секретар на Судот, Соња Груевска, учествуваше во работата на вториот по ред состанок на високо ниво на Глобалната мрежа за интегритет на судството на тема „Минато, сегашност, иднина“, кој се одржа од 24 до 27 февруари 2020 година во Доха, Катар.

Годишната конференција, на која учествуваат претседатели и судии на највисоките судови од целиот свет и останати високи претставници и организации, има за цел да ја поттикне соработката на ниво на највисоките судови и да овозможи размена на искуства и добри практики.

Покрај презентација на достигнувањата на мрежата од нејзиното основање, на конференцијата се дискутираше и се разменуваа искуства на многу актуелни теми, меѓу кои употребата на социјалните медиуми од страна на судиите, етиката во судството и зацврстување на судскиот интегритет преку кодекси на однесување и обуки за етика, судски имунитет, избор и именување судии и независност на судството, интегрирање на антикорупцијата на врвот: транспарентност и одговорност на највисоките органи на судството, малтретирање, вознемирување и други проблеми поврзани со родовата припадност и интегритет.

На состанокот беше потпишана Декларација за судски интегритет.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_