Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање на 15-годишнината на Академијата за судии и јавни обвинители [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателот на Врховниот суд со поздравно обраќање на 15-годишнината на Академијата за судии и јавни обвинители

Соопштенија за јавност  |  02.12.2021
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, на 01.12.2021 година, имаше свое обраќање на свечениот настан по повод одбележување на 15 години од постоењето на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.

Во своето обраќање, претседателката Адеми го истакна значењето на независноста, стручноста и професионалноста на судиите и обвинителите како клучен елемент во успешната борба со корупцијата и криминалот, унапредување и почитување на човековите права и обезбедување на сигурност во рамки на примената на правото.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија дава севкупна поддршка на Академијата во сите иницијативи на планот на реализирање на почетната и континуираната обука, бидејќи целите и функциите на судството не можат да се остваруваат без стручно подготвени судии и јавни обвинители“, заклучи претседателката Адеми.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_