Врховните судии одржаа работна средба за новиот Деловник [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Врховните судии одржаа работна средба за новиот Деловник

Новости  |  22.10.2021
Врховниот суд на РСМ одржа тридневна работна средба на судиите во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата.

Врховниот суд на РСМ одржа тридневна работна средба на судиите во врска со новиот Предлог-деловник на Врховниот суд. По 23 години, Врховниот суд ќе донесе нов Деловник, акт со кој се уредуваат организацијата и работата на највисокиот суд во државата.

Судиите на Врховниот суд на работната средба имаа плодна дискусија на која разменија мислења за одредбите од Деловникот, а во насока на негово усогласување со новите законски решенија и реформски процеси.

Поконкретно, со овој исклучително важен акт за работата на Судот, се уредува организацијата на Врховниот суд, начинот на работа на претседателот на судот, судските совети, судските оддели, заедничката седница на судските оддели, седницата на судиите и општата седница.

Исто така, Деловникот има за цел да обезбеди законито, независно, непристрасно, ефикасно и навремено вршење на функцијата. Воедно, со Деловникот се обезбедува и непречено остварување на правата и обврските на странките, без оглед на нивната положба и својство.

Настанот посветен на новиот Деловник на Врховниот суд беше одржан со поддршка на Британската амбасада во Скопје преку Центарот за правни истражувања и анализи.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_