Интервју на претседателката на Врховниот суд за „Дојче Веле“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Интервју на претседателката на Врховниот суд за „Дојче Веле“
Новости
|
19.9.2023
Донесувањето на законски измени кои потенцијално би влијаеле врз судските постапки без транспарентен процес на јавна дебата и стручна расправа е спротивно на заложбите за реформи на законодавството во согласност со европските стандарди, вели во интервјуто за „Дојче Веле“, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.
„Неспорно е дека добро е да се слушне мислењето на стручната и на судската заедница и фела, поаѓајќи од една од целите на судството, а тоа е обезбедување правна сигурност врз основа на владеење на правото. Воедно, една од законските надлежности на Врховниот суд е да дава мислења по предлози на закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работата на судовите“, истакнува Адеми.
Во таа насока, претседателката на Врховниот суд потсетува на мислењето на Консултативниот Совет на европските судии, според кое судството треба да биде консултирано и да игра активна улога во подготовката на законските акти од значење за функционирањето на правосудниот систем.