Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  08.7.2022
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 07.07.2022 година (четврток) одржа Општа седница, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Давање мислење по Предлог-Закон за инсолвентност, доставен од Министерството за економија.

2. Расправа по претходно прашање во врска со жалба против Решение донесено од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

3. Расправа по Иницијатива за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, поднесена од адвокат Драган Тоневски од Скопје.

4. Давање мислење по Предлог за ратификација на Протоколот 16 кон Европската Конвенција за човековите права и слободи, доставен од Министерство за правда.

5. Расправа по правно прашање:

Дали рокот од 30 дена за поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка, согласно член 83 став 4 од Законот за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96 од 17.05.2019 година) е преклузивен рок и како последица има отфрлање на барањето по истекот на тој рок или пак тој рок е само инструктивен рок и е наменет за подносителот за побрзо, поажурно и во разумен рок да ги поднесе прекршочните барања до надлежните органи“.

6. Разгледување и усвојување на Извештајот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2021 година (предлог).

7. Одлучување по Барање поднесено од судија на Апелациониот суд Скопје.

8. Одлучување по Приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

9. Одлучување по Приговор на судија на Апелационен суд Штип, изјавен против Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

 

По одржаната расправа, Општата седница:

 

По првата точката на дневниот ред, даде позитивно мислење по Предлог - Законот за инсолвентност, доставен од Министерство за економија.

По втората точка од дневниот ред, донесе Заклучок да се одржи проширена Општа седница со повикување на универзитетски професори и правни експерти.

По третата точка на дневниот ред, донесе Заклучок со кој Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење се отфрла како нецелосна.

По четвртата точка на дневниот ред, даде позитивно мислење за ратификација на Протоколот 16 кон Европската Конвенција за човековите права и слободи, доставен од Министерство за правда.

Петтата точка на дневниот ред ја одложи.

По шестата точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија за 2021 година.

По седмата точка на дневниот ред, донесе Решение со кое Барањето поднесено од судија на Апелациониот суд Скопје се усвојува.

По осмата точка на дневниот ред, донесе Решение со кое Приговорот на судија на Апелационен суд Штип се усвојува и се укинува Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

По деветтата точка на дневниот ред, донесе Решение со кое Приговорот на судија на Апелационен суд Штип се усвојува и се укинува Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Апелационен суд Штип.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_