Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  11.11.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 11.11.2021 година (четврток) одржа електронска Општа седница преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

ДНЕВЕН РЕД

1. Одлучување по барање за изземање од постапување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

2. Одлучување по барање за изземање од постапување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

3. Одлучување по барање за изземање од постапување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

4. Одлучување по барање за изземање од постапување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

5. Одлучување по приговор изјавен против Одлука за измена и дополнување на распоредот за работа на Претседателот на судот и судиите во Основен суд Неготино за 2021 година.

6. Одлучување по приговор изјавен против Решение на Судски совет на Република Северна Македонија.

7. Одлучување по приговор изјавен против Решение на Судски совет на Република Северна Македонија.

8. Давање мислење по барање на Претседателот на Основен суд Велес за распоредување на судии од еден во друг оддел.

9. Одлучување по приговор изјавен против Одлука на Претседателот на Основен суд Кичево.

10. Давање мислење по предлог Закон за канцеларија за поврат на имот, доставен од Министерство за правда.

11. Одлучување по барање за изземање од постапување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

12. Именување членови на Совет за одлучување по жалба изјавена против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија, по систем на ждрепка.(одложено од 27.10.2021 година)

По одржана расправа Општата седница:

По првата, втората, третата, четвртата и единаесеттата точка на дневниот ред донесе решение со кое барањето за изземање се одбива.

По петтата точка на дневниот ред донесе решение со кое приговорот се отфрла како неуреден.

По шестата и седмата точка на дневниот ред донесе решение со кое приговорот се уважува и решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија се укинува.

По осмата точка на дневниот ред донесе заклучок дека нема услови за давање на мислење од причина што веќе е донесена одлука од претседателот на судот без да се побара мислење од Општата седница.

По деветтата точка на дневниот ред донесе решение со кое приговорот се отфрла како недозволен.

По десеттата точка од дневниот ред даде позитивно мислење по предлог законот.

По дванаесеттата точка од дневниот ред донесе одлука за именување на членови на Советот за одлучување по жалбата против решение на Судскиот совет на Република Северна Македонија

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_