Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Високиот инспектор за правда на Република Албанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката на Врховниот суд оствари работна средба со Високиот инспектор за правда на Република Албанија

Новости  |  30.5.2023
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска оствари работна средба со Високиот инспектор за правда на Република Албанија, Артур Метани, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Албанија во Република Северна Македонија, Фатос Река.

На денешната средба во Врховниот суд се разговараше за судските реформи во двете земји, со посебен акцент на потребните законски измени и стратешки заложби кои имаат цел да ја унапредат независноста и ефикасноста на судството.

Во таа насока, беше истакнато дека законските решенија и нивната примена мора да ја почитуваат уставната поделба на власта и да ги следат стандардите и препораките на Европската Унија и на Европскиот суд за човековите права, особено во делот на владеењето на правото.

Интегритетот на судиите и транспарентноста во одлучувањето се суштинска гаранција за независната судска власт, но и за борбата против корупцијата. Институционалната, меѓународната и регионалната соработка преку размената на практични искуства имаат важна улога за правосудните системи и од тие причини потребно е да продолжат со засилен интензитет“, беше заклучено на денешната средба.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_