Остварена средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Остварена средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  16.12.2019
ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, м-р Фаик Арслани, во просториите на Врховниот суд на Република Северна Македонија на 11 декември 2019 година, оствари средба со Н.Е. г-дин Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за континуираната соработка со Кралството Холандија, пред се во делот на владеење на правото, за што како предуслов се поставува зголемување на независноста, ефикасноста и квалитетот на работата на судството. Се дикутираше и за предизвиците со кои се соочува Врховниот суд на Република Северна Македонија, проблемот со недостиг на судиски и стручно-административен кадар, како и напорите кои се прават во насока на надминување на ваквата состојба.

ВД Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија изрази благодарност за поддршката која Кралството Холандија ја обезбедува со цел зајакнување на капацитетите на правосудството, што претставува значителен придонес за напредокот за нашата држава во евроинтегративниот процес.

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_