СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТАТА СЕДНИЦА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ОД ОПШТАТА СЕДНИЦА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Соопштенија за јавност  |  04.3.2020
I. Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија одржана на 03.03.2020 година, одлучи по барањата за изземања на членови на жалбените совети по два предмети оформени (заведени) по жалба пред Врховниот суд, против одлуката на Судскиот совет за разрешени судии, при што истите не ги прифати. II. Расправајќи за актуелните состојби на судството, Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, донесе соодветни заклучоци, при што го дава следното соопштение:

Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија ги следи актуелните состојби во судството, особено прашањата кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судската власт, како гарант односно баланс помеѓу законодавната и извршната власт, притоа обезбедувајќи соодветен пристап на граѓаните до правда и правични судски постапки, почитувајќи го Уставот на Република Северна Македонија, законите и меѓународните документи, особено Европската конвенција за човекови права, Големата повелба за судиите, Бенгалорските начела (принципи), Мислењето број 3 на Советодавниот Совет на Европските судии при Советот на Европа, Препораката број 12 на Комитетот на Министри на земјите членки и други релевантни акти, кои ја гарантираат независноста и самостојноста на судската власт, како предуслов за владеење на правото и правната држава. Независноста на судството е неопходна за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа, судијата истата треба да ја поддржи и да дава пример на судската независност, во нејзиниот индивидуален и институционален аспект.

Во тој контекст, Општата седница укажува дека работењето на Врховниот суд на Република Северна Македонија е во согласност со горенаведените принципи при што се раководи од постојните законски одредби, слободното судиско убедување и најдобрите практики и без никакво влијание, со цел обезбедување на единство во примената на законите.

Анализирајќи ги последните настани организирани од страна на политичките партии, Општата седница укажува на потребата од обезбедување на услови за независно и непристрасно постапување на судовите во согласност со законот и другите релевантни акти, притоа отфрлувајќи секаков вид на надворешно влијание врз правораздавањето.

Општата седница искажува загриженост од таквите и слични, евентуални идни однесувања на политичките партии, особено во изборен период и за предизборни цели, притоа апелира на воздржаност и соодветно комуницирање, без да се загрози независното и самостојно постапување на судската власт и судиите.

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_