Прва официјална средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Кралството Шпанија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Прва официјална средба на претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија со амбасадорот на Кралството Шпанија

Новости, Соопштенија за јавност  |  06.10.2022
Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, и амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, г. Хосе Луис Лозано Гарсија, остварија прва официјална средба во Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Претседателот на Врховниот суд го запозна амбасадорот на Кралството Шпанија со положбата, структурата и функционирањето на Врховниот суд како највисок суд во државата кој во согласност со своите уставни и законски надлежности обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите.

На средбата беа потенцирани улогата и заложбите на Врховниот суд во унапредувањето на судската практика, особено во поглед на примената на стандардите и практиката на Европскиот суд за човековите права.

Говорејќи за улогата на Врховниот суд на Шпанија, амбасадорот Хосе Луис Лозано Гарсија, истакна дека Врховниот суд на Шпанија како и Врховниот суд на Република Северна Македонија имаат надлежност во воедначување на судската практика што претставува одлична основа за зголемена соработка и размена на искуства помеѓу двата највисоки суда.

Исто така, на средбата беше нагласено дека покрај взаемната институционална соработка и соработката со Европскиот суд за човековите права во Стразбур, голем предизвик за Врховниот суд на Република Северна Македонија во иднина ќе биде и соработката со Судот на правдата на Европската Унија во Луксембург.

Во таа насока, од страна на амбасадорот на Кралството Шпанија беа истакнати силните заложби на шпанската влада и на највисокиот суд во Шпанија во поддршката на процесот за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија.

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_