Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  02.3.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 28.02.2023 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која го усвои следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 26.12.2022 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец декември 2022 година;

3. Разгледување и усвојување на Предлог - Извештај за работа на Одделот за граѓански дела за 2022 година;

4. Разгледување и усвојување на Предлог - Програма за работа на Одделот за граѓански дела за 2023 година;

5. Разгледување на барањето на Доне Кузмановски, адвокат од Битола, за донесување правно мислење по однос на примената на материјалното право при трансформација на работниот однос на наставниот кадар во државата;

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 26.12.2022 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец декември 2022 година;

По третата точка од дневниот ред, го усвои Извештајот за работа на Одделот за граѓански дела за 2022 година;

По четвртата точка од дневниот ред, ја усвои Програмата за работа на Одделот за граѓански дела за 2023 година;

По петтата точка од дневниот ред, донесе Заклучок со кој барањето на Доне Кузмановски, адвокат од Битола, за донесување правно мислење, не се усвојува.

 

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

Оддел за граѓански дела

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_