Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од одржана седница на Одделот за граѓански дела

Соопштенија за јавност  |  29.3.2023
Врховниот суд на Република Северна Македонија на ден 21.03.2023 година одржа седница на Одделот за граѓански дела, на која беше предложен и прифатен следниот предлог на:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записник од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 28.02.2023 година;

2. Разгледување и усвојување на Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јануари 2023 година;

3. Продолжување со расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 08-09.06.2022 година, за воедначување на судската практика за правното прашањето, дали на вработените во судската полиција-судски полицајци им следува бонус плата предвидена во член 117 став 4 од Законот за работните односи, како и надоместок на трошоци за исхрана за ноќна работа предвиден во член 128 од ЗРО, со оглед на тоа што овие надоместоци не се предвидени во Законот за судската служба, но се предвидени со Законот за работните односи и дали во конкретниот случај за оваа категорија на вработени треба да се примени Законот за работните односи;

4. Расправа по Заклучокот на четирите апелациони судови донесен на работната средба одржана на ден 08-09.06.2022 година, за воедначување на судската практика за правните прашања, дали на лице кое било во притвор му следува надомест на штета доколку постапката била запрена поради апсолутна застареност на кривично гонење во смисла на член 553 од Законот за кривичната постапка (во услови кога самиот не се довел со недозволени постапувања да биде лишен од слобода), и дали на осудено лице со правосилна пресуда за кое по вонреден правен лек обвинението е одбиено, му следува надомест на штета доколку не бил лишен од слобода или не започнал со издржување на казна затвор од таа пресуда;

5. Разгледување на правните прашања од граѓанска област кои се појавиле во судската практика на апелационите судови, во однос на кои е потребно да се усогласат ставовите со цел хармонизација на судската практика на Република Северна Македонија.

 

По одржаната расправа, Одделот за граѓански дела:

 

По првата точка на дневниот ред, го усвои Записникот од седницата на Одделот за граѓански дела одржана на ден 28.02.2023 година;

По втората точка на дневниот ред, го усвои Извештајот за движење на предметите во Одделот за граѓански дела за месец јануари 2023 година;

По третата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правното прашање;

По четвртата точка од дневниот ред, усвои правно мислење за правните прашања;

По петтата точка од дневниот ред, беа разгледани правните прашања од граѓанска област кои се појавиле во судската практика на апелационите судови за кои е потребно усогласување на ставовите;

 

 

Врховен суд на Република Северна Македонија

Оддел за граѓански дела

 

                         

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_