Соопштение за одржана седница на Одделот за судење во разумен рок [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за одржана седница на Одделот за судење во разумен рок

Соопштенија за јавност  |  06.7.2021
Врховниот суд на Република Северна Македонија на 05.07.2021 година (понеделник) одржа електронска седница на Одделот за судење во разумен рок преку платформата ZOOM, на која беше предложен и прифатен следниот:

 Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

1. Усвојување на Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 22.03.2021 година.    

2.  Разгледување и усвојување на Извештаите за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок за месеците  јануари, февруари, март и април  2021 година.

3.  Усогласување на постапувањето на советите во Одделот по однос на прашањето за досудени трошоци по постапката.

4.  Расправа по прашањето за изземање на судијата во постапката за судење во разумен рок.

5.  Расправа по прашањето за начинот на определување на правичниот надоместок во случај кога едно барање за заштита на правото на судење во разумен рок е поднесено од повеќе подносители  односно  дали   надоместокот ќе се досуди во вкупен износ или за секој подносител поединечно.

6. Усогласување на прашањето за редоследот на судиите во одлуките во разумен рок. 

7. Потреба од размена на мислења и искуства со експерти за судење во разумен рок преку ЗООМ платформата.

8. Дали   списите од  предметот на кој се однесува барањето за заштита на правото на судење во разумен рок,  ќе се бараат  во оригинал или фотокопија.  

9. Реафирмација на заклучоците донесени на седницата на Оделот за судење во разумен рок од 13.07.2020 година.

            По одржана расправа:

  • По првата точка на дневниот ред, усвоен е Записникот од седницата на Одделот за судење во разумен рок одржана на ден 22.03.2021 година.
  • По втората точка на дневниот ред, усвоен  е  Извештајот за движење на предметите во Одделот за судење во разумен рок  за месец јануари, февруари, март и април 2021 година.
  • По третата точка на дневниот ред, донесен е  предлог заклучок и истиот за усвојување ќе биде ставен на дневен ред за следната седница на Одделот за судење во разумен рок.
  • По четвртата точка на дневниот ред,  донесен е предлог  заклучок и истиот за усвојување ќе биде ставен на дневен ред за следната седница на Одделот за судење во разумен рок.
  • По однос на петтата точка на дневниот ред, донесен е предлог заклучок и истиот за усвојување ќе биде ставен на дневен ред за следната седница на Одделот за судење во разумен рок.
  • По однос на шестата точка на дневниот ред, завземен е став, редоследот на судиите да биде како и во другите  Оддели на Врховниот суд на Република Северна Македонија, според датумот на избор на судиите.
  • По однос на седмата точка, подржана е потребата  од соработка со експерти од областа за судење во разумен рок.
  • По однос на осмата точка на дневен ред,  се  констатираше дека Одделот има   донесено  заклучок кој ќе продолжи да се  применува.
  • Деветтата точка на дневниот ред е одложена.

 

 

 

   


Пребарување одлуки

Суд
Број на предмет
Датум
_